Пејачката Јована Пајиќ е една од последните што пееше во Кочани во клубот Пулс во кој избувна голем пожар а во кој животот го загубија 59 лица
Во дискотеката во Кочани настапувале голем број пејачи од Србија, а Јована Пајиќ била последната меѓу нив која запеала во дискотеката на смртта на почетокот на март. На ТикТок кружи видео од последниот настап на Јована во Кочани.
По оваа голема трагедија во која загинаа многу млади животи, пејачката се огласи и откри дека веста силно ја погодила.
„Местото каде што се случи сето ова е дискотека, не е шатор за да може така лесно да избувне пожар. Страшно е што се случи ова, многу ме потресе веста. Не се сеќавам кога настапував дека имало некоја голема пиротехника, за да може да биде предизвикан пожар изјави Јована за Блиц.


