Екипите на Јувентус и Лацио беа поуспешни од своите противници во двете синоќешни средби од 25.коло во Серија А.
Јувентус минимално со 1:0 го совлада Торино и ја врати предноста од девет бодови на врвот на табелата пред второпласираната Рома.
Лацио исто така на домашен терен освои три бодови победувајќи го Сасуоло со 3:2 и се зацврсти во средината на табелата.
Резултати на другите одиграни натпревари од 25.коло во Италијанското фудбалско првенство: Болоња – Рома 0:1, Ливорно – Верона 2:3, Удинезе – Аталанта 1:1, Интер – Каљари 1:1, Киево – Катанија 2:0 и Сампдорија – Милан 0:2.
Вечерва колото ќе го комплетираат Парма – Фиорентина и Наполи – Џенова.
Табела: Јувентус 66 бодови, Рома 57, Наполи 50, Фиорентина 44, Интер 40, Верона 39,.
]]>


