К-15 испишаа историја: Три дена по ред ја наполнија Арената “Борис Трајковски” и ги оставија Македонците во солзи

Хумористичното три “К-15”, со три огромни јавни настани одржани во Арената “Борис Трајковски” прославија 30 години од нивното постоење во етерот и притоа создадоа историја кога е хуморот и сатирата во прашање.

Арената сите три дена беше дури тесна за да ги собере сите нивни обожаватели од 9 до 99 години кои дојдоа да ги поддржат, да прослават голем јубилеј и по големата пауза конечно повторно да ги видат нивните омилени скечеви во живо, но и да видат што ново тие подготвија специјално за оваа прилика.

Шоуто траеше три часа, а граѓаните буквално во солзи се смееја на секоја реплика, видео или изведена песна.

На сцената со нив беше и диригентот Џијан Емин, со цел оркестар, со кого Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Љупчо Бубо Каров пред публиката ги изведоа нивните најпознати песни како “Градинарот”, “Ногу љубам да веслам”, “Шуруп”… а на сцената се појавија речиси сите ликови кои тие ги глумат.

Публиката по три часа беше желна за уште смеа и сатира, со громогласен повеќеминутен аплауз ги испратија од сцената легендарните К-15, но во домовите си заминаа задоволни и исполнети со многу позитивна енергија која и тоа како недостасува во Македонија.

извор: 24info.mk

Најчитани вести