Американскиот претседател Барак Обама со неговото семејство по завршувањето на мандатот ќе се всели во луксузна куќа од 8.000 квадратни метри во Вашингтон.
Тој и неговото семејство ќе останат во Вашингтон поради училишните обврски на неговата помала ќерка Саша.
Во новиот дом на Обама ќе има девет спални соби, осум тоалети, неколку дневни соби и базен.
Куќата е изграденa во 1928 година и вреди 6,3 милиони долари.


