Како да не ви дојде преку глава одморот во Грција: НЕ паркирајте на забранети места!

Од навидум мали работи што предизвикуваат големи проблеми, до сериозни грешки што можат да го расипат целиот одмор – ова се работите што не смеете да ги правите ако сакате безгрижен и безбеден престој во Грција, пишува српски Курир.

И да… Овие совети не се теории – тие се создадени од искуствата на стотици туристи кои ги споделија своите приказни и проблеми во претходните години. Ако ги прочитате навреме, тие можат да ви заштедат пари, време, нерви – па дури и пасош!

1. НЕ влегувајте во морето ако е истакнато црвеното знаме!

2. НЕ паркирајте на забранети места – ќе останете без регистарска табличка!

3. НЕ заборавајте да ги чувате вашите торби и пари на терминалите од каде што тргнуваат туристичките автобуси за Грција!

4. НЕ верувајте слепо на огласите за сместување на социјалните мрежи!

5. НЕ оставајте ништо вредно или помалку вредно во автомобилот ако го оставите!

6. НЕ одете на шопинг на пазарите директно од границата – во автомобил со куфери и други работи!

7. НЕ дозволувајте вашето дете да шета голо по плажа!

8. НЕ носете венчални прстени на плажа!

9. НЕ заборавајте да проверите на секој граничен премин дали сите пасоши ви се вратени и дали сите ви припаѓаат!

10. НЕ возете пребрзо и почитувајте ги ограничувањата! Казните се големи, а животот нема цена!

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести