Како Пинк ослабнала 25 килограми?!

Светската ѕвезда Пинк, е позната по својот добар изглед и добра форма, но сепак во текот на бременоста вели дека не водела многу грижа за изгледот и исхраната. -За време на бременоста, верувале или не, јас многу јадев торти, а особено „чизкејк“. Мислам дека мојата ќерка е составена од  „чизкејк“, се пошегувала Пинк во интервјуто за списанието „Shape“.

Пред бременоста слушала различни приказни за бремени жени, но доживеала едно поинакво искуство.

pink

-Мислев дека во текот на бременоста ќе се чувствувам како божица. Сите луќе околу мене ме уверуваа дека жените во бременоста се чувствуваат многу женствено, но јас се чувствував само збунето помалку, а токму тоа и ми се допаѓаше, вели Пинк.

Кога се породила популарната пејачката Пинк се соочила со проблемот на секоја жена по бременоста: прекумерна тежина. Дошло времето да ги изгуби своите вишок килограми.

-Тренинзите ми беа поделени така што еден час вежбав кардио вежби, потоа еден час шанга или јога. Што се однесува до вежбите на телото, вежбав со тегови и правев склекови, вели Пинк и додава дека покрај вежбите, се хранела и со вегетаријанска исхрана.

-Во почетокот јадев, иако во помали количини, пилешко и риба, но подоцна ги исфрлив сите видови исхрана од животинско потекло, вели Пинк. Иако таа признава дека искрено се борела да го изгуби вишокот килограми, сепак борбата се исплатила.

-Иако повторно си ја вратив идеалната тежина, сепак никогаш не престанав редовно д вежбам, вели Пинк.

Пејачката додава дека поради бременоста таа ги откажала и цигарите и сега води здрав живот.

]]>

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести