Како со еден потег се уништува иднината на македонскиот спорт

Благодарејќи на Министерството за Образование и Агенцијата на Млади и Спорт полека но сигурно се уништуваат генерации на надежни млади спортисти кои беа и сеуште се иднината на македонскиот спорт.

Дали и е во ред да се поигрува со вакви деца кои четири години даваат  100% од себе тренирајќи и школувајќи се,за да станат врвни спортисти.

Несмее да се дозволи никој да се поигрува со нив,кога единствено во спортот гледаме некаква иднина.

Кога пред четири години започна проектот Спортска Академија се бираа на посебни селекции спортски таленти од цела држава во четири спортски категории-ракомет,фудбал,одбојка и тенис.Одбраните спортисти покрај настава прилагодена за секој спорт посебно,добија и сместување во ученички дом,исхрана и стипендија од Агенција за Млади и Спорт во висина од 4200 денари месечно додека трае школувањето.

Водени од честа што им беше укажана со самото тоа што беа одберени од многуте пријавени,овие деца го даваа својот максимум посветувајќи се на она што го сакаат да го работат па така и резултатите не изостануваа.Беа членови на пионерски,кадетски и младински репрезентации на Македонија.

Меѓутоа не е џабе онаа поговорка СЕ ШТО Е УБАВО КРАТКО ТРАЕ.

Иако четири години постои Спортската Академија сеуште не се исполнети сите услови кои беа промовирани со проектот-

-Академијата не доби своја училишна зграда која беше ветена туку уште се користат просториите на средно фискултурно училиште Методи Митевски-Брицо

-Не доби свои спорски сали туку се користат сали од споменатото училиште и уште некои кои се многу далеку па децата мака мачат да стигнат на тренинзите и на наставата после истите

-Не добија сместување кое беше ветено туку по четворица се во една мала соба_а требаше по дваица за да имаат простор за учење и одмор

-Не добија храна според потребите и прописите за спортисти-која требаше да биде контролирана од нутриционисти

-На крај,ако воопшто е крај три години иако не редовно,беше исплатувана стипендијата на сите спортисти во висина од 4200денари-10 месеци,а од оваа година решија од Министерство за Образование и Агенција за Млади и Спорт и тоа на крајот од првото полугодие кога требаше веќе да бидат исплатени стипендиите да се поиграат и со тоа.Во Декември објавуваат нови критеријуми за добивање на стипендиите,со многу поинакви услови од досегашните,со што уште еднаш се омаловажуваат и деградираат овие деца т.е. СПОРТСКИТЕ НАДЕЖИ на нашата земја.

Дали има крај и до кога веќе ќе се гази по оваа младина.

Апелирам до сите наши познати спортисти кои директно и индиректно беа вклучени во проектот СПОРТСКА АКАДЕМИЈА и беа промотери на истата,да застанат на страна на овие деца кои се нивна идна замена да помогнат, да им се исплатат стипендиите кои беа дефинирани на почетокот од школувањето.

Пишува: Александра Димитриевска

Најчитани вести