Камата од 1,95% за компаниите кои ќе аплицираат за пари од унгарскиот кредит

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека каматата за компаниите кои ќе аплицираат за пари од унгарскиот кредит, ќе биде 1,95%.

Компаниите ќе може да инвестираат во средства за производство, обновливи извори на енергија и деловни простории за сопствена потреба. Рочноста е до три години грејс период и до 15 години отплата. Секоја компанија може да аплицира во било која банка, па откако ќе се одобри кредитот, Развојната банка ќе ги префрли парите. Компаниите ќе треба да имаат 20% учество со сопствени средства, со што инвестицискиот бран на стопанството би бил 300 милиони евра, изјави премиерот Христијан Мицкоски, додавајќи дека средствата ќе бидат достапни од утре.

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести