Министерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска треба да се појават на распит кај судија на претходна постапка. Специјалното јавно обвинителство за нив како и за останатите осомничени во предметите „Тендери“ и „Топлик“ побара судот да им изрече мерки на претпазливост.
СЈО ги сомничи за нанесување штета на државниот буџет во износ од вкупно 2 милиони евра.
Канческа- Милевска, како првоосомничена во предметот „Тендери“ се товари за местење тендери во полза на АД „Бетон- Штип“ за изградбата на Музејот на ВМРО, оштетувајќи го буџетот за 1 милион евра.
Јанакиески е првоосомничен во случајот „Топлик“ за злоупотрба на службената положба откако договорот за изградба на елитнатата наслеба пропаднал во 2007 година, поради што буџетот бил оштетен 1 милион и 44 илјади евра.
извор: Локално


