Кари не играше против Оклахома поради проблеми со коленото

 Плејмејкерот на Голден Стејт, Стеф Кари, го пропушти натпреварот од НБА лигата против Оклахома (101:105).

Според американските медиуми, 36-годишниот Американец не настапи поради болки во коленото. Тој го пропушти вториот натпревар оваа сезона.

Оваа сезона Кари играше на 14 натпревари во НБА, со просек од 22,4 поени, 5,4 скока и 6,5 асистенции.

Со 12 победи и шест порази Голден стејт вориорс се наоѓаат на 3. место во Западната конференција.

МИА

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести