Карлос сонува да биде тренер на Реал

Легендарниот бразилски репрезентативец Роберто Карлос денеска изјави дека има голема желба еден ден да стане тренер на Реал Мадрид, клуб во кој играше 11 години во периодот 1996-2007 година и со кој освои четири шампионски титули во Примера и три во Лигата на шампионите.

– Сонувам во следните 10 години да седнам на клупата на Реал, истакна Карлос кој во моментов е тренер на турскиот клуб Сиваспор.

Бразилецот се осврна и на вечерашниот дуел што „кралскиот клуб“ треба да го игра со Шалке во рамките на 1/8финалето од Лигата на шампионите.

– Реал има многу добра екипа, посебно неговите фудбалери се добри во контролата на топката, додека Шалке е опасен од контри. Кога во мое време одевме на освојување на сите три натпреварувања обично останувавме со празни раце. Мора да се оди постепено, рече Карлос.

Тој во текот на својата кариера играл и за Сао Жоао, Палмеирас, Интер, Фенербахче, Коринтијанс и Анжи каде ја започнал и неговата тренерска кариера.

За репрезентацијата на Бразил на 125 натпревари постигнал 11 голови.

]]>

Најчитани вести