Каролина Астеруд: Да беше друга земја, за ваков парадигматичен случај ќе се дебатираше со денови и денови

Само што прочитав дека починало и бебенцето заради чие донесување на свет се случи страотнатна сообраќајка кај „Мавровка“ во која почина несудениот татко, а повредени се, некои ептен сериозно, уште седуммина. Несудената мајка добила болки, несудениот татко за да стасаат побрзо до болница возел со вклучени светла и поминал на црвено, а другите учесници во сообраќајот не го сфатиле неговиот предупредувачки сигнал поради што и се случила оваа огромна и претажна трагедија. Цело едно семејство уништено!

И си размислувам и споредувам како сето ова помина кај нас. Само штури известувања, и толку.

Да беше друга земја, за ваков парадигматичен случај ќе се дебатираше со денови и денови, ќе се изјаснуваа експерти кои немаа да се симнат од ТВ екраните, ќе се анализираше нашироко и надолго, ќе се потсетуваше јавноста на тоа кои правила важат во ваква ситуација, каква сигнализација, на што да внимаваат и возачите и пешаците, ќе се смислуваа решенија ако и кога ќе се увиди дека тоа е проблемот, ќе се поучуваше јавноста, итн… Абе бумбар ќе те направат, сѐ со цел сите нешто да се научи за да во иднина да се избегнуваат вакви трагедии. Така се прави во нормални општества, во нормална политика, во нормални медиуми, во нормално сѐ… Ние сме бре за ќутек! Ништо не сакаме да учиме, ништо не сакаме да анализираме, ниту памет вклучуваме, ниту разум, ниту искуство, ништо… Си прифаќаме се фаталистички, така требало да биде, да не сеповтори (а како бре нема да се повтори ако не научиме нешто, не смениме нешто после една ваква трагедија!), и си продолжуваме со нашите изместени и површни приоритети! Уфффф… Бриф.мк избор: Фејсбук статус на Каролина Ристова Астеруд]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести