Дека збогувањето со Реал не му паѓа лесно, легендарниот голман Икер Касиљас покажа на прес-конференцијата каде на збогувањето со кралскиот клуб имаше и солзи.
– Ги остварив своите сонови. Ова е клубот кој ме формираше како играч, човек, ми помогна да созреам. Благодарам Реал Мадрид за безусловната поддршка, за тоа што со капитенската лента го водев тимот, освојував титули. Би сакал да останам запаметен, не како добар или лош голман, туку како добар човек. Им благодарам на верните навивачи, нивната поддршка никогаш нема да можам да ја заборавам. Нема да кажам збогум, ќе се видиме ние повторно тука, наскоро – низ солзи рече Касиљас.
Неговата мајка, Мари Кармен, изјави дека Икер и Флорентино Перез ги влошиле своите односи во 2009-та кога претседaтелот сакал во Реал Мадрид да го донесе голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон.
– Го гледав како пати сите овие години. Сакаше да ја заврши кариерата во Реал – вели неговата мајка Кармен.
За Порто таа вели дека е третолигашки клуб за играч од негов ранг.
– Првак во светот не може да заврши во Порто. Можеше да оди каде сака, немаше да имам ништо против да преминеше во Барселона, бидејќи тие се господа – рече мајката на Касиљас.


