Изјавата на младата Катерина Стојановска, старлетата од скопско Зелениково, покрај Балканот почна да го освојува и светот.
Британски Метро вчера на својата интернет страница ја објави глупоста на „актеката“ Кате, која ќе снимала филм со Џејмс Дин и Марлон Брандо, а утринава во Лондон информацијата осамна и во весникот.
Метро пишува дека таа станала предмет на забава и шега на Балканот, откако изјавила за „Канал 5“ дека ќе снима фолм со починатите актери, а ја имаат илустрирано и како би изгледал нејзиниот разговор со Мерлин Монро, ама не на Фејсбук, туку телефонски.
Ако не друго барем ја нарекоа актерката од Македонија. Па сега…




