Ја врзувал за креденец, ја горел со пегла и ископал гроб под креветот на кој што спиела. Ова е кусо објаснување на однесувањето на насилник од Кавадарци кого правдата се уште не го стигнала. Случајот јавно никој не го раскажа, за него знаат кавадарчани кои од однесувањето на овој насилсник се подеднакво згрозени како и од трикратното убиство во ноември 2014 година кога Тони Стоев ги уби мајката, таткото и сестрата на сопругата од која се беше развел неколку месеци претходно.
„Разговарајќи за насилство врз жената, полицајци од Кавадарци ни открија случај за кој мислевме дека постои само на филмовите. Жена, која полицајците ја опишаа како дојденка оти не била од Кавадарци, дошла целата парталава, изгорена по телото и не зборувајќи јасно, пријавила дека мажот цела ноќ ја малтретирал. Полицајците се присетија оти целата се тресела и неразбирливо им кажувала за нешто под нејзиниот кревет. Кога излегле на интервенција, за да направат извештај по пријавата, во куќата затекнале хаос. Откриле дека ја врзувал за креденец, ја нашле пеглата со која ја горел по телото, а кога го тргнале креветот полицајците откриле нешто што самите велат дека не им било верно дека може да постои. Го нашле гробот кој насилникот го ископал за сопругата под креветот од страната на која што таа спиела. Дупка 1,5 метар на 70 сантиметри. Жената со години спиела над сопствениот гроб“, раскажува за САКАМДАКАЖАМ.МК активист на навладина организација која работејќи на спречување на насилство врз жената, случајно го открила случајот.
Текстот во целост на САКАМ ДА КАЖАМ


