Казнети 168 возачи за брзо возење

Во спроведената засилена акциска контрола на Министерството за внатрешни работи на територијата на државата за возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се санкционирани 168 возачи.

Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа, 78 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

МИА

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести