Казнети 201 возач за брзо возење на територијата на цела држава

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 201 возач.

Како што денеска соопшти МВР, од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 92 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. 

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника