При сообраќајна контрола на Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територијата на главниот град биле санкционирани 214 возачи, од кои 124 за возење со брзина поголема од дозволената.
– Дванаесет мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за непрописно престројување возила. Изречени се пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
МИА


