Казни за 113 возачи во Куманово

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.00 до 20.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спровеле акциска контрола на територија на Куманово, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Како што денеска соопштија од МВР, при контролата санкционирани се 113 возачи, од кои 43 за возење без возачка дозвола, три санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, 26 мерки за некористење заштитна кацига при возење мотоцикл…

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести