Казни за 178 возачи во Скопје, 61 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територијата на град Скопје изрече 178 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, 12 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за непрописно престројување.  

Од МВР информираат дека се изречени и три мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции минување на затворен сигнал (црвено светло)…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.

MИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести