Ќе биде племенски поглавар: Поранешниот играч на Металец го напушта фудбалот

Камерунскиот фудбалер Матијас Енги ја прекина својата професионална кариера и стана поглавар на своето племе, јавуваат хрватските медиуми.

Поранешниот фудбалер на Хајдук од Кула и Металец од Осијек ја доби честа да биде поглавар на племето, откако дедо му го избра за негов наследник и тоа во конкуренција на 28 внуци.

igrac – Ако си избран, мораш веднаш да се вратиш во Камерун. Без разлика каде си, што и да правиш. Ова е чест што не се одбива, вели Патрис Кведи, исто така фудбалер и Камерунец, но припадник на друга племе. – Тешко е да се објасни каква репутација уживаат поглаварите во Камерун. Она што во Хрватска се полицијата и законите, тоа таму е поглаварот. Тој таму е над сите, дури и со закон – објаснува Кведи. Енге бил прошверцуван од Камерун во багажникот на автобусот и донесен во Србија. Менаџерите на Хајдук веднаш го процениле и го примиле во тимот, а веднаш потоа бил и регистриран. – Српските власти го затвориле, па јас некако го извлеков и го донесов во Хрватска надевајќи се дека ќе средиме и за документи, но тој и овде беше затворен и депортиран во Камерун, вели  Ивковиќ , додавајќи дека Енге често му се јавувал од Камерун и му велел дека таму не може да напредува во фудбалот. -Конечно заврши во Египет, каде што единственото можел да оди. Но, одеднаш стигна веста. Кога слушна дека мора да оди дома, се натажи. Почна да се жали и да плаче. Но, не можеше ништо против традицијата, иако тој само сака да игра фудбал – рече Ивковиќ.]]>

Најчитани вести