Петдневните коњски трки во Ројал Аскот се омилено место за средби на британската аристократија со децении, а доаѓањето на принцезата од Велс беше најавено и оваа година. Но, нејзиното појавување во церемонијалната кочија беше откажано во последен момент, што предизвика загриженост во јавноста.
Таа ја заврши хемотерапијата минатата година
Иако не е официјално потврдено зошто Кејт Мидлтон се повлече, се шпекулира дека причината е во нејзиното здравје. Помина една година откако таа ја заврши превентивната хемотерапија по дијагнозата рак, а бројни медиумски извештаи велат дека принцезата моментално се фокусира на одмор и закрепнување.
„Принцезата од Велс се повлече од списокот на гости на Ројал Аскот, еден од најславните социјални и спортски настани во Велика Британија, за да продолжи со закрепнувањето и да пронајде рамнотежа по неколкумесечната борба со ракот“, пишува Business Insider.

Принцезата првично била планирана како учесник во традиционалната поворка
Според кралскиот дописник Даниел Стејси, принцезата Кејт (43) изразила жалење што нема да може да присуствува на трките во Беркшир оваа година, каде што нејзиниот сопруг принцот Вилијам, кралот Чарлс и кралицата Камила требаше да ја придружуваат. Принцезата првично била планирана како учесник во традиционалната поворка со кочии заедно со принцот Вилијам и парот Роуз-Филипс, но Бакингемската палата подоцна потврди дека тоа нема да се случи.
И покрај нејзиното отсуство, мајката на Кејт, Керол Мидлтон, и снаата Ализе Тевенет, сопруга на нејзиниот брат Џејмс Мидлтон, не го пропуштија Кралскиот Аскот. Кумот на принцезата Шарлот, Томас ван Штраубензе, со неговата сопруга Луси, исто така беа забележани во публиката.
Иако не беше во Аскот, принцезата се појави на два важни настани во последните денови – прославата на Garter day во Виндзор и парадата Trooping the Color по повод официјалниот роденден на кралот Чарлс.


