Ќерката на легендарниот пејач Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ (21) повторно е мета на критики за нејзините провокативни фотографии од плажа. Младата Уна редовно споделува фотографии со нејзините фанови на Инстаграм и предизвикува бурни коментари на социјалните мрежи.
По одморот во Грција, таа продолжи на плажите во Црна Гора.
Убавата ќерка на Чолиќ смело позира во костим за капење додека ужива во луксузниот одмор.
Кога не е на плажа, Уна ужива во морската храна, а судејќи по фотографиите, најмногу сака лигњи на скара, со кои пие или бело вино или некој коктел.
Секоја нејзина објава предизвикува голем интерес кај нејзините следбеници на социјалните мрежи, особено кај мажите.


