Познатиот актер Кевин Костнер (68) тврди дека неговата 19 години помлада поранешна сопруга Кристин Баумгартнер (49), со која имаат три деца, бара алиментација од 248.000 долари месечно за да си ги финансира нејзините пластични операции. Двојката неодамна објави дека се разделува.
Според новите судски документи до кои дојде „ТМЗ“, Костнер тврди дека во 248.000 долари што му ги бара таа се вклучени повеќе од 100.000 долари за естетската хирургија за Баумгартнер, како и илјадници долари за облека и други трошоци кои не се поврзани со нивните деца.
Сметководителот на Костнер вели дека ова се еднократни трошоци кои немаат никаква врска со издршката на децата. Во документите се тврди дека Костнер ги платил сите трошоци за децата и ќе продолжи да ги плаќа, нагласувајќи дека смета дека 51.940 долари месечно се разумна сума.
За потсетување, Баумгартнер како причина за алиментацијата од 248.000 долари месечно навела дека ѝ требале толку многу пари за нејзе и нивните тројца тинејџери, Кејден (16), Хејс (14) и Грејс (13) да можат живеат како порано.
Како што пренесува Индекс, таа нагласила дека тоа ќе им биде „едвај доволно“ и открила колку семејството трошело досега.
„Го кружевме светот со приватни авиони и престојувавме во луксузни хотели и вили“ – изјавила таа и истакнала дека трошеле речиси 26.000 долари за патувања со бродови, 22.000 за спа услуги и 542.000 за градинар.
Кевин Костнер исто така бара од неговата сопруга Кристин Баумгартнер да го напушти неговиот дом во согласност со предбрачниот договор.
Тој во судските документи истакнал дека е единствен сопственик на трите семејни домови, а според предбрачниот договор што го потпишале кога се венчале во 2004 година, Баумгартнер се согласила да ги напушти домовите во случај да се разведат.
Откако Баумгартнер поднесе барање за развод на 1 мај, таа имаше 30 дена да се исели од куќата, но таа одбила да го стори тоа, објави „ТМЗ“.
Оскаровецот откри и дека на сопругата веќе ѝ обезбедил 1,45 милиони долари со предбрачниот договор, но дека е подготвен да ѝ плати повеќе пари доколку тоа ѝ помогне да го напушти неговиот дом.
Ова му е втор брак на актерот. Од 1978 до 1994 година тој беше во брак со актерката Синди Силва (66), со која има и три деца: Ени (39), Лили (36) и Џо (35). Тој ја започна врска со Баумгартнер во 2000 година, а се венчаа во Аспен, Колорадо во 2004 година.


