Иако беа собрани парите за лекување во Турција малиот Кико од Долни Балван почина. Не издржа да замине за странство да се лекува од ретката болест од која боледуваше.
Неговата здраствена состојба нагло се влошила пред два дена кога во приватна болница престанал да дише и бил ставен на апарати. Иако после неколку часа се почувствувал подобро сепак неговото срце не издржало.
Претходно докторите одбиваа да потпишат трансфер за момчето со медицински авион, бидејќи, сметаа дека нема да го издржи патот.
Дваесетгодишното момче Кристијан Коцев-Кико имаше ретка и тешка болест, Атаксија-телеангиектазија, која брзо прогресира и за кратко време доведува до сериозна состојба. Откако му се влоши здравствена состојба беше сместен во приватна болница во Скопје. Зе него цела македонска јавност се крена на нозе и ги собра потребните средства за негово лекување за четири дена пеку хуманитарната акција која ја започна јутуберот Стефан Лазаров.


