Несомнено еден од највлијателните Албанци во Македонија, писателот Ким Мехмети, на својата ФБ стрaница, која има над 125 илјада „фанови”, денеска го објавил следниот текст, a во врска со најавените „бомби” на СДСМ:
„Албанците од Македонија со нетрпение ги очекуваат бомбите на македонската опозиција, а за кои се вели дека ќе го разоткријат криминалниот и корумпираниот лик на многумина овдешни властодршци. При тоа не се неосновани и сомнежите дека, под лажното оправдување да не се се нарушат меѓуетниките доноси, СДСМ да не ги објави „бомбите” кои се однесуваат на криминалните дејанија на припадниците на ДУИ и ДПА. Ако се случи такво нешто, тогаш овдешните Албанци треба да сватат дека таквата постапка нема врска со ништо друго, освен со тоа дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по многу нешта се разликуваат, но не и по политичкит ум дека само корумпираниот Албанец е државотворен и употреблив Албанец за власта. Впрочем, треба да се признае дека токму некогашните „лавови” на Глигоров – значи некогашната СДСМ – се тие што ја промовираа налудничавата логика дека поевтино е да платиш скапо и да им ги исполниш сите желби на стотина Албанци, одошто на целиот народ да му го дадеш тоа што му следува. Исто така треба да се признае дека самите ние, овдешните Албацни, докажавме дека сме во рацете на ДУИ и ДПА, и дека овие две партии може да не даваат под хипотека кај било кој македонски политички партнер. Но, ако СДСМ овој пат се предводи според логиката дека „корумпираните” ќе ни требаат и на нас, тогаш ќе згрешат. Ако не за друго, тогаш заради логиката дека „бомбите” на Заев, може да наликуваат на „пeтарди” во однос на тоа што го знае ВМРО-ДПМНЕ за челниците на ДУИ и ДПА, а што кога и да е ќе се обелодени!”


