Клековски: Цените за основниот специјалистички пакет и за интернистичкиот пакет ќе бидат зголемени

По повеќе од 10-годишно одложување се одлучивме да ги зголемиме цените за основниот специјалистички пакет и за интернистичкиот пакет, изјави денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Специјалистичкиот преглед, според ценовникот на Фондот, појасни тој, досега беше 380 денари и е децениска цена.

– Сега зголемувањето е на 720 денари. Нето ефектот на оваа одлука за здравствените установи ќе биде околу милијарда денари на годишно ниво, 80 отсто во јавниот и 20 отсто во приватниот сектор, бидејќи имаме јавен и приватен специјалистички сектор. Интернистичкиот пакет е со помал ефект, ќе биде плус околу 340 милиони денари. Ќе има симболично зголемување на партиципацијата. За услуга која сега се наплаќа 40 денари ќе биде 60 денари, додаде Клековски.

МИА

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести