Два дена по објавата на британскиот светски првак Тајсон Фјури дека ја завршува кариерата, 46-годишниот Кличко во интервју за германскиот весник „Билд“ најави дека ќе се обиде да се врати во рингот.
– Зошто да не, доколку сум во добра форма. Можеби и ќе сонувам да го соборам рекордот на (Џорџ) Форман. Дефинитивно имам силна мотивација кога секое утро се будам и спортувам, изјави Владимир Кличко, кој се наоѓа во Киев, украинската престолнина чиј градоначалник е неговиот брат Виталиј Кличко.
Пред неколку години Владимир Кличко рече дека ќе му биде предизвик да го собори рекордот на Форман и да стане највозрасен боксер во историјата, кој се борел за светската титула.
Форман на возраст од 45 години, девет месеци и 25 денови ја одбрани титулата светски првак во верзиите WBF и IBF кога го совлада 18-годишниот сонародник Мајкл Мурер.
МИА
]]>


