Клоп со пофални зборови за Алонсо

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го опиша фаворитот за негов наследник, Чаби Алонсо како „исклучителен“ стручњак.

Германецот упати пофалби за шефот на Баер Леверкузен за време на неговата прес-конференција пред натпреварот со Брентфорд.

-Чаби врши неверојатна работа. Ова нема никаква врска со гласините дека ќе ме замени на чело на Ливерпул. И да ме прашавте пред два месеци, ќе имав позитивни зборови за него. „Диносаурусите“ Гвардиола, Анчелоти, Мурињо и можеби јас нема да работиме уште 20 години. Па, можеби само Мурињо. Новата генерација на тренери е веќе тука, а Чаби Алонсо е најзабележителен од нив, изјави Германецот.

МИА