Коалицијата Влен станува политичка партија

Владејачките партии од албанскиот блок кои досега функционираа како коалиција Влен денеска се обединуваат во една политичка партија.

Официјализирањето е закажано за денес во 17 часот.

Според најавите, копретседатели ќе бидат актуелните градоначалници на Чаир и Тетово, Изет Меџити и Билал Касами, а функцијата генерален секретар ќе ја извршува актуелниот министер за европски прашања Беким Сали. Новиот политички субјект ќе има пет потсекретаријати

Меџити во пресрет на денешниот конгрес изјави дека со обединувањето Влен ќе се факторизира и ќе добие поголемо влијание кај Албанците во земјава.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести