На прашање на една спортска новинарка во САД, кој од НБА кошаркарите го има оној инстинкт на убиец кој го имаше во текот на неговата кариера, „црната мамба“, Коби Брајант, одговори:
“Има неколку од нив, кои во играта се навистина крајно изедначени и кошарката ја доживуваат крајно сериозно. Но играчите на Голден Стејт, Клеј Томпсон и Стеф Кари, кои на прв поглед изгледаат многу мирни и убави момци, се вистински „ладнокрвни убијци“. Тие не се грижат за тоа што мислите за нив. Тие не се грижат за тоа дали ќе погодат шут за победа или да ќе промашат. Тие се таму за да ја завршат својата работа и имаат многу силно чувство на инстинктивни убијци.”
По победата во четвртокот, во големото НБА финале, Воините водат против Кавалирс со 1:0.


