Откако вчера попладне, во 12,15 часот, Хируршкото одделение при Медицинскиот центар Кочани во ПС Кочани пријавило дека примило повреден пациент во тепачка, полицијата открила случај во кој повредено е 26 годишно момче.
Имено се работи за Д.К.(26) од с.Спанчево, Кочанско, кој е донесен во болницата со тешки телесни повреди и бил во бесознание, по што истиот е пренесен во Клинички центар Скопје.
Од преземени мерки на полицијата, констатирано дека истиот ден, поради претходна вербална расправија помеѓу Д.К. и Г.Н.(40) од с.Спанчево, Г.Н. со метален предмет го удрил во пределот на главата.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
]]>


