Кога се сака и се може: Брачен пар изработува заштитни маски и ги подарува

Кога си во самоизолација, можеш да гледаш вести, турски серии, да сурфаш на интернет… да се жалиш, самосожалуваш, да обвинуваш, браниш…

А можеш и да правиш нешто.

Во изминатите неколку дена по социјалните мрежи се споделуваа фотографии од повозрасните лица и пензионери како чекаат пред банки, а јавноста ги осуди со негативни коментари. Но,…

Тие можеби и подобро од нас, помладите знаат што треба да прават во ваква вонредна ситуација, особено кога станува збор за тоа како да го „потрошиме“ времето поминато во изолација.

Фотографија од домашната карантинска работилница на еден брачен пар се појави на Фејсбук. Тие изработуваат заштитни маски и ги подаруваат, а фотографијата ја сподели нивната ќерка со апел кому и да му требаат, слободно да ги контактира. Секоја чест.

https://www.facebook.com/irena.kiroska/posts/203444044436274

Интересно е што фотографијата за само 9 часа е споделена повеќе од 1,300 пати, а коментарите се најпозитивни.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести