Кои намирници треба да ги избегнуваме после 40-та!

Руската нутриционистка Зухра Павлова тврди дека и по 40 години последиците од невниманието од младоста можат да се видат и на нашето тело и внатре во него. Таа препорачува промена на начинот на исхрана, бидејќи е вистинско време да се исфрлат некои намирници од менито.

– ” Разновидна исхрана е неопходна за одржување на целиот организам во здрава состојба, затоа мора да јадете грашок, грав, леќа, наут, житарки и млечни производи”, како и често да се консумира морска риба, печурки, грејпфрут, зелен зеленчук, хељда, ореви, брокула. Додека на чипсот и газираните пијалоци мора веднаш да заборавите, смета таа.

Според неа од голема важност е да пиете вода зашто е многу важна за нормална функција на организмот како пиење на чаеви од разни билки.

“Шеќерот е една од намирниците која го забрзува стареењето на мозокот, исто така мора да се откажете од соковите и пецивата, намалете го белиот леб, тестенините, белиот ориз и житариците“, појаснува Павлова.

Таа потсетува и на последиците од консумирање брза храна, односно преработената и пржената храна, особено месото, може да доведе до воспалување на црниот дроб, зглобовите и крвните садови а тоа пак ќе резултира со проблеми со метаболизмот, кожата и дебелеење.

Најчитани вести