Граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ денес повика на протестот кој го организираат пред Владата.
„Граѓанската иницијатива ‘Кој е следен’ јавно им се извинува на сите граѓани што во изминатите 35 години изгради систем кој свирепо ги убива своите деца, ги загадува нашите градови и ја осиромашува нашата држава. Воедно, се извинуваме и за сите системски неправди кои ние сме ги предизвикале од 8 септември 1991 година, па се до денес“ пишуваат тие.

Во објавата на социјалните мрежи велат дека целосно го разбираат револтот кон нивната иницијатива поради нивното лошо владеење во изминатите 35 години. Воедно, изразуваат целосна поддршка до сегашните и минатите народни херои кои се спротиставиле на најголемиот народен непријател и уништувач на Македонија – „Кој е следен?“, иронично напишаа тие.


