Според досега документираните сознанија, делата се вршени на тој начин што нарачателите на трговската стока – правни субјекти, кои истата ја купувале во Бугарија и Грција претходно ја оставале на одредено, само за нив познато место во Бугарија или Грција.
По претходен договор, појаснуваат од МВР, превозниците ја преземале стоката и ја пренесувале во Македонија. Тие транспортот го вршеле преку граничниот премин Ново Село до однапред договорена дестинација и тоа секогаш кога на должност биле некои од царинските службеници-членови на злосторничкото здружение, кои во договор со истите не вршеле царинска контрола, односно преглед на возилата и трговската стока што се пренесувала, а со цел да бидат избегнати задолжителните царински давачки.
За извршениот транспорт, нарачателите на трговската стока, на транспортерите откако ќе им ја доставеле трговската стока им плаќале одреден износ, а тие вака стекнатата противправна имотна корист не ја зачувувале за себе, туку по секој извршен транспорт, одредена сума им предавале цариниците.
]]>


