Османи, кој е и хирург на Дигестивната клиника, за „360 степени“ вели дека бил дежурен на работа. На прашањето во кое својство бил на Инфективната клиника и дали се дозволени посети и фотографирање, тој вели дека Џафери е негативен на ковид-19.
„Вчера бев дежурен на Клиника. Џафери не е позитивен на корона“, одговори Османи.

Османи избегнува директен одговор за тоа кој му дозволил влез на Инфективна и дали се дозволени посети, макар и од доктори на други клиники, а не се осврнува ниту на делот од прашањето за фотографирањето со хоспитализиран пациент.
Од почетокот на пандемијата, болничките посети се забранети и строго регулирани во сите болници низ државата.
Џафери е сместен на Инфективната клиника од 24 јули. Тој беше примен со повеќе симптоми кои укажувале на присуство на коронавирусот, имал и пневмонија, но досегашните тестови за ковид-19, според информациите од неговиот кабинет, се со негативен резултат.
]]>


