Кој ќе го навреди македонскиот народ среде Скопје, тоа ќе му биде последно доаѓање, кажа Османи во Софија

Провокација од политичари кои доаѓаат во Македонија и сред Скопје го негираат македонскиот народ, или го навредуваат македонскиот народ, тоа мора да го прекинеме, кажа министерот за надворешни работи Бујар Османи по посетата во софиската болница денеска на повредениот Х.П., кому во четвртокот му беше скршена вилицата во тепачка, во Охрид

-И затоа сакам и да упатам порака дека и тие провокации треба да престанат и да укажам дека секое доаѓање во Северна Македонија, со цел навреди кон македонскиот народ, негирање на македонскиот народ, ќе мораме сериозно да го адресираме и тоа да биде последно доаѓање во Северна Македонија. Значи и двете прашања ќе мора подеднакво. Фокусот денеска е на ова насилство врз Христијан коешто мора да го осудиме, и мора да создадеме атмосфера на нула толеранција, но исто така и провокација од политичари кои доаѓаат во Северна Македонија среде Скопје, го негираат македонскиот народ, го навредуваат македонскиот народ, тоа мора да го пркеинеме и тој вициозен циклус во којшто сме влезени мора да престане, дециден е Османи.

– Затоа, додаде тој, упатувањето е дека тоа веројатно ќе биде последно доаѓање во Северна Македонија на секој кој ќе ги навреди Македонците, македонскиот народ или било која друга заедница, како што ние нема да дозволиме никој да ги навреди бугарската заедница, или пак најмалку да покаже насилство кон било кој припадник на бугарската заедница во Северна Македонија и државата тоа ќе го гарантира.

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести