Автомобил опел вектра паднал во провалија на Водно. Во несреќата нема повредени, а сопственикот на автомобилот е уште непознат, информира СВР Скопје.
Случајот вчера во полиција бил пријавен од член на планинарско друштво, кој кажал дека во близина на Детското одморалиште забележал автомобил паднат во провалија. Полицијата вели дека станува збор за бел „опел вектра“, кој бил заклучен и празен, а во негова близина немало луѓе, се уверила увидната екипа.
]]>


