Комитетот за светско наследство на УНЕСКО го продолжи рокот за имплементација на корективните мерки за Охридското езеро

Уште една шанса за корекција доби Охрид и регионот од Унеско. Комитетот одлучи на оваа сесија да не го премести на листата наследства во опасност со задача до властите до февруари да достават нов извештај со напредок во исполнување на препораките.

Министерот за култура Љутков вели идниот период ќе се работи многу поинтензивно на зачувување на светското природно и културно наследство.

Оваа одлука е политичка, сметаат дел од екологистите кои и понатаму го делат мислењето дека ставањето на Охрид на листата во опасност може само да му донесе позитивен бенефит на градот или механизам за брзо и сеопфатно исполнување на задачите.

Но, градоначалникот Пецаков не се согласува со ставот на активистите. Инаку претходно 40 организации доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со барање за усвојување на нацрт-одлуката за впишување на Охридскиот Регион во Листата на светски наследства во опасност но, Владата ги задолжи сите членови на македонската делегација во Париз заеднички да поднесат амандман за повлекување на Нацрт-одлуката на Комитетот.

извор: 24.mk

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести