На овој начин ќе се мотивираат мелничарите да откупуваат домашна пченица која што потоа ќе ја продадат на Агенцијата за стокови резерви, а воедно ќе се влијае и да се постигне солидна откупна цена на домашното жито.
Воедно, за прв пат ќе се пуштат и помали лотови на кои што ќе можат да конкурираат и земјоделците. Овој предлог минатата недела беше прифатен од земјоделците и од мелничарите.
Комитетот го отвори и прашањето за моменталниот откуп на праски.
Беше истакнато дека во најголемиот производствен регион за праски, Росоман, годинава насади со праски има на околу 5.000 хектари, од кои се очекува производство од 12.000 до 13.000 тони праски.
Моменталната откупна цена на квалитетните праски е 20-23 денари за килограм, а праските за преработувачката индустрија и чиј род се проценува на 500 тони, цената е 2 денари за килограм.
Министерот Николовски, потенцираше дека субвенциите за предадено овошје во преработувачки капацитетите оваа година се зголемени од 2 на 3 денари за килограм предадено овошје која што им стои на располагање на земјоделците кои имаат праски за предавање во преработувачки капацитетите.
Исто така, министерот Николовски потенцираше дека Владата преку МЗШВ интензивно работи на проширување на листата на нови пазар за пласман не само на праските туку и на останатите земјоделски производи.
Во таа насока, беше потенцирано дека се продолжуваат активностите за зголемување на извозот на земјоделски производи, вклучително и праските во Руската федерација, како наш традиционален пазар. Тимови од МШЗВ и од Македонско-руската комора, веќе имаат одржано неколку состаноци со одговорните на руската служба „Росејхоснадзор“, со цел отстранување на сите потенцијални бариери и зголемување на извозот од Македонија.
При тоа се работи на проект преку кој што македонските стопанственици ќе можат да имаат директна продажба на производите пред руските ланци на маркети што би се спроведувало преку Македонскиот дом во Русија, а со цел избегнување на посредници кои во моментов ја диригираат и условуваат цената и количините на производите, на штета на производителите. Се констатираше дека најголем проблем во моментов е што нема соодветна база на податоци за количини, цени и динамика во сезона на берба на производите, за да може да се понудат на странските пазари.
Дополнително, министерот Николовски потенцираше дека уште пред неколку месеци е испратен допис до сите конзуларни канцеларии и до амбасадорите, да помогнат во делот на отворањето на странските пазари за македонските земјоделски производи. Од друга страна, информираше дека МЗШВ има изготвено листа од околу 50 заинтересирани фирми за инвестиции, од кои дел се заинтересирани за изградба откупно-дистрибутивни центри, за што Работните групи во МЗШВ веќе имаат направено мапирање на региони каде би се граделе истите.
Во однос на точката за зголемување на капацитетите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и динамика на реализација на програмите, директорот на АФПЗР посочи дека со новите вработувања се работи на зајакнување на капацитетите.
Исто така потенцираше дека досега од првиот јавен повик за ИПАРД 2 се склучени 138 договори за мерката 1 и 3, односно Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства и Инвестиции во материјалните средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи.
Оваа бројка се очекува да се зголеми во следниот период.
Во делот на исплата на субвенциите, се нагласи дека истата се одвива континуирано, со висока реализација Програмата за директни плаќања од околу 95 отсто.
]]>


