Компанијата „Подгорка“ со новитет на пазарот – пакувани јунешки производи со висок квалитет и Халал сертификат

„Подгорка“ од Струга е компанија која долги години се занимава со дистрибуција на прехрамбени производи од неколку познати брендови во регионот и пошироко.

Во текот на својата долгогодишна работа „Подгорка“ постојано се надоградува и денес е еден од водечките дистрибутери на територијата на Република Северна Македонија на следните производи: млечни производи (кашкавали, ферментирани производи и путер), пилешки и говедски трајни и полутрајни сувомеснати производи, пилешко замрзнато месо, јунешко и телешко свежо и замрзнато месо и замрзнат зеленчук и овошје.

Мевмед Џемајлоски, Един Џемјалоски

„Подгорка“ својата дејност ја темели на професионалноста, стабилноста како и постепената надградба на својата дејност и истата ја има реализирано со застапништво и долготрајната соработка на познатите брендови:  ZELENE DOLINE – ( Млекарна Целеиа – Словенија),  Z′DEŽELE – ( Цељске Меснине- Словенија),  MENPROM (Босна и Херцеговина ), MADI (Тешањ – Босна и Херцеговина), FLORA (Пик Бечеј – Србија), T.BOER & ZN (Холандија) и Copacol (Бразил)



Според законските прописи во Р.С. Македонија Подгорка го има имплементирано HYGIENE MANAGEMENT SYSТEM HACCP CAC/RCP и  QUALITY MANAGEMENT SYSTEM ISO 9001:2015. стандардите како и многу бројни добиени сертификати за квалитет на производите и дистрибуција на домашниот пазар.

„Подгорка“ денес работи во нови производствени,  магацински и деловни простории од над 5000 м². Инвестицијата е во висина од 5,5 милиони евра а кофинансирана со средства од ИПАРД фондовите.

„Институциите ја препознаа и разбраа економската важност на нашата инвестиција. Објектот е изграден според стандардите за енергетска ефикасност, а производствениот процес во фабриката се одвива според најмодерни европски стандарди. Нашата цел е да ги отвориме регионалните пазари и да извезуваме во соседните земји“, изјави сопственикот на „Подгорка“ – Мевмед Џемајлоски.

https://www.youtube.com/watch?v=Eq1B88XZFZo&feature=emb_logo

Од крајот на 2019 година на Македонски пазар „Подгорка“ ги пласираше своите нови производи:

  • Јунешка шницла 500 гр МАП пакување
  • Јунешки коцки 500 гр МАП пакување
  • Јунешки мелен микс 500 гр МАП пакување
  • Јунешки обликувани производи – ќебапи и плескавици 500 гр МАП пакување

Компанијата го помина сертификациониот аудит и се стекна со право на Халал сертификат. Халал значи дозволено во исламската религија, но пошироко значи квалитет на одреден вид на производ и синоним за здрава храна.

Понатаму „Подгорка“ работи на проширување на својот асортиман на производи и тоа свежи јунешки производи во вакум пакување и замрзнати јунешки производи, како и проширување со овие производи на пазарите во соседните држави.

]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести