Со трите одиграни натпревари синоќа беше заокружена 10.рунда од Евролигата во кошарка. Постигнати се следниве резултати: Анадолу Ефес – Панатинаикос 60:65, Барселона – Олимпијакос 70:58 (Е група) и Локомотив Кубан – Галатасарај 66:67 (Ф група). Претходно: Фенербахче – Уникаха Малага 69:67, Лаборал – Емпорио Армани 65:83 (Е група), ЦСКА Москва – Партизан 84:52, Баерн – Реал Мадрид 85:83 и Макаби – Жалгирис 77:67 (Ф група). На четири кола пред крајот на втората групна фаза пласман меѓу осумте најдобри имаа обезбедено Барселона и ЦСКА Москва, а на добар пат да го сторат тоа се и екипите на Армани, Реал Мадрид и Макаби. За останатите три места се очекува неизвесна битка до последното коло. Табела Е група: Барселона 10-0 (победи-порази), Емпорио Армани 7-3, Панатинаикос 5-5, Уникаха Малага 5-5, Фенербахче Улкер 5-5, Олимпијакос 4-6, Анадолу Ефес 2-8, Лаборал 2-8. Табела Ф група: ЦСКА Москва 9-1, Реал Мадрид 8-2, Макаби 7-3, Баерн Минхен 5-5, Локомотив Кубан 4-6, Галатасарај 4-6, Партизан 2-8, Жалгирис 1-9.
]]>


