Комплетирано 8.коло во кошаркарската Евролига

Со четирите натпревари кои беа одиграни синоќа комплетирано е 8.коло во кошаркарската Евролига.

Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб имаше значајна улога во победата на Фенербахче над Олимпијакос со 78:74.

На дуелот од Е групата одигран во Истанбул, Мекејлеб со учинок од 20 поени, 4 скокови и 3 асистенции. средбата ја заврши со најголем коефициент на валоризација (28).

На останатите три средби и тоа од групата Ф беа постигнати следниве резултати: ЦСКА Москва – Локомотив Кубан 94:93, Баерн Минхен – Жалгирис 79:73 и Реал Мадрид – Партизан 80:57.

Комплетни табели во двете групи по комплетирањето на 8-то коло.

Е група табела: Барселона 8-0 (победи-порази), Емпорио Армани 5-3, Олимпијакос 4-4, Фенербахче 4-4, Панатинаикос 4-4, Уникаха 4-4, Анадолу Ефес 2-6 и Лаборал 1-7.

Ф група табела: Реал Мадрид 7-1 (победи-порази), ЦСКА Москва 7-1, Макаби 6-2, Баерн Минхен 4-4, Галатасарај 3-5, Локомотив Кубан 3-5, Жалгирис 1-7 и Партизан 1-7.

]]>

Најчитани вести