Високите еколошки стандарди се приоритет за секое општество кое го става човекот пред се, изјави кандидатот на СДСМ и коалиционите партнери за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски, кој како традиционален поддржувач на Модниот Викенд Скопје ја проследи нивната промоција во Битола на 30 креативци и нивните дела во рамките на проектот NoWasteMK, во соработка со Македонската Модна Асоцијација.

„Им честититам на организаторите што најновите трендови во оваа област ги претставија во Битола и преку шоурум, изложба, експериментална колекција и тркалезна маса, успешно ја анимираат јавноста на теми за одржливоста, поттикнувајќи промени кон поодржливо опшество и индустрија.“-рече Кондовски.

Тој ги поздрави напорите чистата животна околина да се зачува преку редизајнирање и рециклирање. „Се радувам што гледам дека и кај нас се поголем е бројот на млади креативни луѓе кои активно се приклучуваат на новите трендови на циркуларната економија. Само одржлив развој може да донесе општество по мерка на човекот.“-порача Кондовски.
]]>


