Демократскиот сојуз и Либерално Демократската Партија ги поднесоа предлог измените до собранието за една изборна единица. Со измените се предлага зад секој пратеник да стојат ист број на гласачи, а не како досега во зависност од изборните единици.
Од Демократскиот Сојуз велат:
– Предлагаме да остане пропорционалниот модел, без изборен праг, а пратениците да се пресметуваат по Донтовиот модел. Ваквите измени ќе значат силен поттик за демократизација на изборниот процес и на државата во целина, како и демонтажа на „еднопартискиот систем“ на владеење и зголемување на одговорноста на извршната и законодавната власт.“
Од ЛДП пак денеска поднесувајќи ја иницијативата уште еднаш го објаснија нивниот предлог за како што велат една изборна единица без праг и отворени листи, и вклучување на предлозите на граѓанскиот сектор во независни листи.
„Како прва политичка партија која јавно ја поддржа оваа идеја, уште еднаш ја нагласуваме потребата од праведен и транспарентен изборен модел, кој ќе обезбеди еднаквост на гласот и директно на граѓаните во изборот на нивните претставници. Цврсто веруваме дека оваа промена ќе донесе поголема транспарентност, поголема одговорност на избраните претставници, како и посилна демократија во нашата земја“
Премиерот Мицкоски денеска коментирајќи ги предлозите посочи дека парламентарното мнозинство е спремно да даде поддршка, но да има право на гласање и дијаспората.
Поддршка за една изборна единица најавија и од Левица. Велат уште од претходно биле за една изборна единица и дека се спремни да дискутираат на темата за да се дојде до заеднико прифатливо решение со една изборна единица.
Од ДУИ пак велат може да се разговара за една изборна единиц,а но со праг од 3 до 5% за избор на пратеници што е веќе прв чекор за разминување со останатите ставови Вреди пак во краток разговор за ТВ 24 велат дека се уште немаат официјален став, но сметаат дека е потребна поширока јавна дебата со домашни и меѓународни експерти, но и дека веќе нема многу време за промена на изборниот модел кога се во прашање изборните единици, бидејќи локалните избори наближуваат.
извор: 24.mk


