Koнкурс за вработување во интернет медиум

„Го шириме нашиот тим. Се работи за фирма која 10 години менаџира интернет медиуми и која е во постојан раст и затоа ни треба помош. Ни треба одговорна, квалификувана и енергична личност која секојдневно ќе ги надополнува сајтовите со квалитетни и интересни содржини и ќе му помага на директорот во менаџирањето на порталите и фирмата. Доколку ги исполнувате долунаведените критериуми ве охрабруваме да аплицирате.

Потребни квалификации и квалитети:

Желба за работа, да се учи и напредува,

брзина на завршување работни задачи,

позитивен мајндсет кон животот и работата,

Спремност да се работи и за викенд.

возачка дозвола Б категорија

Предност ќе се смета следново:

-Знаење на ракување со видео и аудио опрема и монтажа на видео материјал;

-Високо образование во областите историја, политички науки, економски, правен, новинарски, комуниколошки студии или се при крај со студиите;

-Одлично познавање на англиски јазик (напредно ниво);

-Способност за креативно изразување на македонски литературен јазик

-Искуство во WORDPRESS платформа;

-Иксуство со работа во било која приватна фирма, особена предност се медуими;

-Запознаеност со актуелните политички настани во земјата и светот;

-Широк спектар на интереси и подготвеност за пишување на секакви теми;

-Искуство во уредување содржини на веб-сајт: обработка на фотографии, уредување на текст.

-Вештини за одржување на социјални мрежи

Што нудиме:

-Почетната плата е од 300 до 500 евра во зависност од работното искуство и квалификациите плус добивате на користење и службен мобилен со постпејд број;

-Ако со својот ангажман придонесете за дополнителен раст на фирмата постои можност за постојано покачување на платата на секои шест месеци се до плата од 800 eвра месечно;

Доколку се пронаоѓате во напишаното, испратете го вашето резиме на konkurs_za_rabota@yahoo.com со назнака „Апликација за асистент медиа директор“ во полето за предмет на пораката.

По изборот на кандидати во потесен круг, ќе следува тестирање и интервју. Изборот ќе се изврши во рок до 30 дена од денот на огласот“.

-ПР текст – оглас за вработување

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести