Kоронавирус: Николоски се претера

Еден ден заразата ќе стивне и ќе исчезне, но зборовите што сега ќе се кажат ќе останат забележани во општествената меморија. Некому за добро, некому за лошо

Критиката е добредојдена кога е добронамерна. За жал, многу тешко може да се препознае добронамерност во вчерашните критики што ги упати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, за начинот на кој властите се справуваат со заканите од коронавирусот. А изрече многу: од „неспособно водство на државата кое не знае како да се справи со оваа криза”, преку „тотални аматери кои што не знаат да работат, не сакаат да работат и не сакаат да учат”, до „крајно неспособни”. Критиката не е забранета ни во време на пандемија од коронавирус, ни во време на вонредна состојба. Ниту властите се богови, ниту постои совршен човек, политичар, министер… Но, ако критиката не се потпира на аргументи, завршува на штета на оној кој неосновано критикува, како што се случи на вчерашната дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ, насловена „Затоа што секој живот вреди“.

„Само погледнете кога ВМРО-ДПМНЕ почна да ги предлага мерките. Тие се далеку порано пред воопшто да се зголеми бројот на случаи”, изјави Николоски.

Да, ВМРО-ДПМНЕ навистина предложи мерки, но за волја на вистината тоа не се случи толку рано, како што сака да претстави потпредседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Фактите се непобитни. На 26-ти февруари во земјава беше регистриран првиот случај на заболен од коронавирус – жена на возраст од 50 години, којашто по подолг престој се вратила болна од Италија и беше хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести. Информацијата ја потврди министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во владата, придружуван од техничкиот премиер, Оливер Спасовски и епидемиологот Жарко Караџовски. Веднаш беа преземени сет марки за подготовка на Клиниката за вакви случаи. Не ги посочувам сите тековни мерки во меѓувреме. Од 5-ти март на аеродромите во Скопје и Охрид дополнително беше подигнат степенот на контрола за патниците од Италија. На 6-ти март, беше потврдени уште два случаи на заболени – сопружници од Дебар. На 8-ми март од ВМРО-ДПМНЕ навистина говореа за здравството, но не за коронавиуруот, туку за нивната изборна програма за создавање национална мрежа на клинички центри. На 9-ти март, кога беше потврден четвриот случај на заболен – директорката на Клиниката за кожни болести, Александар Николоски заедно со партискиот претседател беа на средба со унгарскиот премиер во Будимпешта. На 10-ти март, кога владата објави дека се прекинува наставата во градинките, основните и средни училишта во наредните 14 дена и уште 18 други радикални мерки, ВМРО-ДПМНЕ ги објавуваше кандидатските листи за пратеници.

Повеќе на линкот: Дојче Веле

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести