Неколку десетици млади лица денеска физички се пресметале во близина на Градскиот плоштад во Охрид, пренесе МИА.
Тепачката била краткотрајна, но жестока, при што биле користени тупаници, удари со нозе, како и камења и палки. Притоа биле оштетени и неколку паркирани возила.
Охридската полиција веднаш по дојавата за инцидентот интервенираше, приведувајќи неколку од учесниците во тепачката.
Сличен инцидент се случи и вчера вечерта околу 21 часот на булеварот „Туристичка“ кај крстостницата кај Охридската гимназија. Притоа група млади лица физички нападнале едно лице, удирајќи го со раце и нозе.
Според првичните полициски информации, и во двата инциденти се работи за пресметка меѓу навивачки групи, дојдени во Охрид како поддршка на екипите што учествуваат во завршницата на Кошаркарскиот куп на Македонија, што се игра во салата „Билјанини Извори“.
]]>


