Косовскиот премиер со благодарност до македонската полиција за пронаоѓањето на возилото во Лепенец

Фејсбук статус на Албин Курти, премиер на Косово:

Само што бев информиран од нашите власти дека автомобилот кој синоќа излета и падна во реката Лепенец во Скопје е пронајден и во него се мртвите тела на тројца наши државјани.

На момчето што ја преживеа оваа несреќа му посакувам брзо закрепнување и сила да се справи со болката од губењето на родителите и братот. Изразувам најискрено сочувство до семејството Пацоли и Висока кои ги загубија членовите на нивните семејства.Ваквите настани длабоко влијаат на секој од нас.Искрено им благодарам на нашите професионални тимови на КБС, на косовската полиција, на волонтерите за пребарување и спасување и на властите на Република Северна Македонија кои во тесна соработка, од критичниот момент, дадоа се од себе и покрај сите предизвици со кои бил соочен.

Извор: Центар.мк

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести